Општина Велес ја одбележа 122 годишнината од солунските атентати и саможртвтата на Гемиџиите за Македонија. По тој повод делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, советници и други институции положија свежо цвеќе пред споменикот на Гемиџиите и оддадоа почит за нивните херојски дела и саможртва. Сегашните и идните генерации Македонци вечно ќе го носат и чуваат споменот за солунските атентатори, како пример за љубов и жртва кон татковината.

Никогаш да не се заборават имињата на: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, храбрите младинци кои не задолжија со нивниот аманет –  да се арчиме за Македонија.

Нека им е вечна слава!