Денеска се навршуваат 123 години од смртта на учителот Петар Михов. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас.

Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години од формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен во скопскиот затвор Куршумли Ан каде е ѕверски мачен и подоцна е пронајден мртов во својата келија. Во македонската историја е познат и како директор на Гимназијата во Велес.