На 4 мај 2026 година се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на патот кон Сер.

Гоце Делчев важи за еден од најистакнатите национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Делчев е роден во кукушко семејство Делчеви на 4 февруари 1872 година како прво машко а трето по ред дете во бројната фамилија Делчеви.

Нека му е вечна слава!