Денеска се навршуваат јубилејни 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е учител, визионер и водач на македонско револуционерно национално – ослободително движење. Неговиот придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ ќе остане засекогаш врежан во македонската колективна меморија, како за сегашните така и за идните генерации.

„Труд и постојамство, тоа е силата со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива“ – Гоце Делчев