На 15 февруари се навршуваат 186 години од раѓањето  и 148 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето што го носи неговото име, и други институции, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Г. Оризари.

Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и  еден од учениците на Миладинов. Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци. Негово творештво е поемата „Крвава кошула“ во која тој го опишува тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство.