Годинава се навршуваат 187 години од раѓањето и 127 години од смртта на браќата Андреја и Константин Петкович. Браќата се родени во Башино Село и во стручните кругови важат како втори близнаци во македонската книжевност од 19 век, после струшките браѓа Константин и Димитар Миладинови.
Андреја Петкович е помлад брат на Константин во многу нешта ги следи неговите стапки. Се школувал во Одеса и Петроград во Русија. По завршувањето на студиите се занимава со дипломатска служба, публицистичка и преведувачка дејност.
Константин претставува капитална личност. Тој е поет, публицист, лексикограф, кој зад себе оставил извонредни значајни дела. Ќе биде добро ако за двајцата браќа се говори почесто, да не се остават да живеат само во пишаните текстови.