Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари, востановен од Обединетите Нации и УНЕСКО. Меѓународниот ден е одреден во насока на промоција, негување и афирмација на сите јазици што ги користат народите во светот.

Во светот денеска се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Да не дозволиме и нашиот мајчин јазик да биде еден од нив, да продолжиме да го чуваме, да го негуваме и промовираме во светот преку различни научни и културни достигнувања.

Јазикот и дијалектите се непроценливо богатство на една нација и  се потврда за идентитетот на народот и неговата традицијата.