Општина Велес ја одбележа 21 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби Анита Кришан Лозаноска. Таа беше дел од осумчлената делегација што го придружуваше претседателот Борис Трајковски на меѓународна конференција во Мостар. По тој повод, градоначалникот Марко Колев, дел од советниците на Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова положија свежо цвеќе на вечното почивалите на Кришан Лозаноска, на гробиштата во црквата Св. Спас.
Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година во близина на местото Ротмиље, Мостар, Босна и Херцеговина во која загина претседателот Трајковски, осумчлената делегација и екипажот на авионот.





