Дваесет и првото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ започнува на 30 септември и ќе трае до 5 октомври. Во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, пред велешката публика ќе се претстават бројни театри од земјава и од странство кои ја негуваат античката драма.
Наградите за најдобра женска улога, најдобра машка улога, наградата за најдобра режија и „Гран при“ ќе бидат доделени на 10 октомври. Во чест на наградените ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
ИФАД „Стоби“ е во организација на Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“. Повеќе информации околу програмата на фестивалот можете да најдете на официјалната веб страница на театарот.