Годинава се одбележуваат 25 години од смртта на професор д-р Георги Шоптрајанов. Тој е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец, еден од најголемите македонски франкофони и прв Македонец, доктор по лингвистички и литературни науки. Шоптрајанов бил добар пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина.

Ѓеорѓи Шоптрајанов е роден на 2 февруари 1907 година во Велес. Тој бил најмалото дете на Диме и Пандора Шоптрајанов. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Како талентиран и авторитетен ученик, Георги станал претседател на подмладокот на Црвениот крст во велешката гимназија, а го основал и бил прв претседател на Литературниот кружок „Надеж“

Општина Велес оддава почит кон творештвото на професор д-р Георги Шоптрајанов и неговиот придонес кон развојот на македонската франкофонија. Во негова чест општината, секоја година, на празникот на градот, 9 Ноември, доделува награда, најстудент Проф. Д-р Георги Шоптрајанов.