Согласно активностите од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот на територијата на Општина Велес и препораките од Советот на Општина Велес, општината започна со активности за засадување на зимзелени и листопадни дрвја, со цел да го зголеми бројот на високи садници.

Со почетокот на сезоната за садење на висока вегетација, Општина Велес деновиве започна со активности за зазеленување на неколку локации: новоизградениот парк во Комплекс УЗУС, на улиците „Индустриска” и „Благој Ѓорев”, како и во градскиот парк, при што беа засадени 250 садници од туја, јасен, платан и други видови растенија.

Со цел подобрување на квалитетот на воздухот и подорбрување на условите за одмор и рекреација на жителите, Општина Велес планира да го зазелени секој празен простор и да ги зголеми зелените површини во градот.

До крајот на оваа календарска година, Општина Велес ќе спроведе нови активности за засадување нови садници, а истите ќе се одвиваат во зависност од временските услови.