Денеска се навршуваат 28 години од смртта на доајенот на театарската уметност Петре Прличко. Делегации на Општина Велес и советници при Советот на Општина Велес положија свежо цвеќе на спомен бистата на Прличко во Младински парк. Почит на бардот на македонското глумиште му оддадоа и актерите од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и претставници од ЗГ Плус Публика, како организиратори на фестивалот “5ре” во чест на доајенот Прличко.
Петре Прличко е роден на 13 март 1907 година во Велес. Тој е истакнат македонски глумец кој остави голема трага на театарската и филмската уметност со своите улоги во повеќе македонски филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Прличко имаше голема љубов кон актерството во кое се вложуваше со беспрекорна дисциплина и професионалност.
Најпрепознатлива му е улогата на Манданата во култниот филм „Мис Стон“ за која ја доби наградата „Златна арена“.