На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 година а официјализирана е на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“.
На овој ден оддаваме почит на македонскиот јазик се потсетуваме на Рацин и Конески, како и на сите нивни претходници и следбеници, дејци, основоположници на писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.
Македонскиот јазик е нашиот идентитет затоа грижата за неговото зачувување и унапредување треба да биде наш приоритет.
Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик, затоа што влогот во него е влог во иднината.