Денеска, 5 Октомври, се одбележува Светскиот ден на учителот. Овој ден е посветен на сите просветни работници кои со својот професионален пристап, посветеност и трпение образуваат и инспирираат нови генерации. Ден кога позивот учител добива тежина не само поради својата одговорност туку и по вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукација и развој на децата, учениците, студентите.

Општина Велес упатува искрена благодарност кон сите наставници, професори и  просветни работници за нивниот труд, истрајност и придонес во создавањето на подобро општество. Им посакува добро здравје и успешна школска година.