Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистите на Кочо Рацин пред Гимназијата што го носи неговот име, во центарот на градот како и пред Паметникот во Спомен костурницата, од страна на делегација на Општина Велес и делегации на јавни институции, денеска започнаа 56 Детски Рацинови средби. Децата од Градинката „Димче Мирчев“ рецитираа поезија од безвремениот поет. Настанот е во организација на Општина Велес и МДПС „Премиера“.

Од програмата на 56 Детски Рацинови средби се реализираат повеќе културни настани.

 

 

Детските Рацинови средби продолжуваат утре со свечено доделување на наградите на најдобрите поетски и ликовни творби на учениците од основните и средните училишта во градот, кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Да му го земеш јазикот на народот-тоа значи да му ја земеш душата“ Рацин.

Педесет и шестите Детски Рацинови средби се дел од активностите за одбележување на Денот на Општина Велес, 9 Ноември.