Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата.
Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.
Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни.
Целосната програма со активности за одбележување на Рациновите средби дополнително ќе биде објавена на веб страницата на Општина Велес.