Денеска се одбележуваат 62 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна, Алексо Демниевски Бауман. Во негова чест, пред спомен бистата, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука што го носи неговото име.