Под слоганот „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“, од 07 до 17 јуни ќе се одржат 62. Рацинови средби во Велес. Во чест на великанот, на различни локации низ градот ќе се реализираат бројни културни, спортски и уметнички настани во соработка со голем број на институции, здруженија на граѓани и поединци.

„Сакам да изразам голема благодарност до министерството за култура и министерот за финансиската поддршка за реализација на богатата програма на овие Рацинови средби. Ги поканувам сите граѓани на Велес и пошироко да ги проследат културните настани по повод чествувањето на Кочо Рацин“, истакна градоначалникот Марко Колев.

Во рамки на шеесет и второто издание на Рацинови средби ќе бидат доделени Рациновото и Почесното Рациново признание. Рациновите средби годинава се реализираат во организација на Општина Велес.

Програма 62. Рацинови средби