Во пресрет на 73 годишнината од смртта на народниот учител и учесник на двата Илиндена, Панко Брашнаров, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, претставници од Советот, јавни институции, граѓани и претставници на неговото семејство,  денеска му оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот.

Панко Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Учесник е во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на злогласниот остров Голи Оток, Република Хрватска, каде починува на 13 јули 1951 година.