Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето и на бистата на Мирка Гинова, денеска се одбележаа 74 години од загинувањето на борците од Егејска Македонија. На учесниците  во граѓанската војна во Грција почит им оддадоа делегации на Општина Велес и на Општина Градско, Здружение на Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ од Велес, претставници на Сојуз на борците, Здружение на пензионери Велес, Здружението „Мирка Гинова“ од Штип, Здружението „Герман“ од Скопје, Здружението „Сонцето од Кутлеш“ од Скопје , Форумот на човекови права на Македонците – Скопје, роднини и пријатели на загинатите борци.

На одбележувањето на годишнината учесниците се потсетија на трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија  учесници во оваа војна, од кои голем дел загинале, а некои заедно со нивите семејства и деца биле протерани од Грција.