По повод 9. Ноември, Денот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска традиционално организираше прием за делегација на Општинската Организација на Сојузот на борците.

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите велешанки и велешани, градоначалникот Коцевски им упати благодарност за нивниот голем придонес за слободата што им ја донесоа на граѓаните на Велес.

По повод големиот празник, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците, Армијата на Република Македонија, делегации од збратимените градови на Велес, Општините Ужице и Сомбор од Република Србија, јавни институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе на Спомен-костурницата и им оддадоа почит на хероите што го положија својот живот за слободен Велес и во Младинскиот парк.