Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.  Велес е град со долга традиција на ромската заедница специфична по својата култура, верување и обичаи. Ромите се важен сегмен во градењето на соживот и меѓусебно почитување во едно општество. Унапредувањето на правата на Ромите е предизвик на Општина Велес која со години спроведува одржливи активни мерки за подобрување на нивниот животен стандард.

Општина Велес ќе продолжи и во иднина да делува во насока на подобрување на условите за живот на Ромите во заедницата, во сите сфери на општественото живеење.