Општина Велес оваа година се одлучи за поинакво чествување на 8 Март, Денот на жената, со потенцирање на суштината зошто овој ден се одбележува – еманципација на жената во општеството. За таа цел ученици од сите средни училишта во градот дебатираа на тема „Борба, НЕ кафана“, а веднаш потоа младите актери од МДПС „Премиера“ на шеговит начин ни го претставија секојдневието преку едночинката „Од љубов не се бега“.
Токму младите можат и треба да бидат двигател кон оваа промена за постигнување на родова еднаквост во вистинска смисла на зборот што всушност е и начело на 8 Март како ден за борба за социјална, политичка и економска рамноправност на жената.
Да ги скршиме стереотипите!
*Оваа активност се имплементира во рамките на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“. Проектот е финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите нации, имплементиран од страна на Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.