Осум децении хуманост, сплотеност и несебична поддршка за најранливите категории на граѓани. Најголемата хуманитарна организација Црвен крст го прослави својот јубилеј, 80 години од своето постоење. Под мотото „80 години ние гледаме луѓе“, во Големата сала на Општина Велес, пред многубројните поестители и хуманитарци се прикажаа три видеа на кои беше презентирана работата на Црвен крст како национално друштво и на Општинаската организација на Црвен крст Велес. Пред присутните се обратија претседателот на Црвен крст на Македонија, Ромел Велев и претседателката на ОО на Црвен крст Велес, д-р Кевица Шопова Клифова.
Општинската организација на Црвен крст им додели јубилејни признанија на трите општини на кои делуваше во изминатите години, Велес, Градско и Чашка, за нивната поддршка и соработка во реализацијата на хуманитарните активности.
Посетителите на јубилејот имаа можност да ја проследат и изложбата со фотографии од активностите на Црвен крст, поставена во холот на општината.
Општина Велес ќе продолжи и во иднина да дава поддршка на хуманитарната организација во реаслизација на проекти кои ќе овозможат подобри услови за живот на нашите сограѓани.