Општина Велес ја одбележа 80 годишнината од смртта на народниот херој Димче Мирчев. По тој повод, делегации составена од претставници на локалната самоуправа  и градинката што го носи неговото име, положија свежо цвеќе пред спомен бистата на херојот, поставена во Младински парк, како и пред спомен бистата во дворот на градинката.

Во чест на годишнината и патрониот ден на градинката Димче Мирчев, пред споменикот се поклонија делегации од повеќе јавни институции во градот, а свежо цвеќе положија и децата од градинката.

Преку стихови и песни, за ликот и делото на народниот херој не потсетија најмладите кои имаа можност да изгледаат театарска претстава за народните херои.

Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27 годишна возраст активно се вклучува во подготовките на вооруженото востание. Тој е еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот. Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани. Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година.