На денешен ден се навршуваат 81 година од Февруарскиот поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. Славниот поход траел еден месец, во должина од 400 километри, во најнеповолни временски услови, ја покажал непоколебливата волја на македонскиот народ за слободна татковина, ослободена од оковите на непријателот. Воените дејства се одвивале во февруари 1944 година, на територијата на источна, централна и западна Македонија.

Февруарскиот поход има големо историско значење за македонската антифашистичка борба. Походот е една од најзначајните воено-тактички операции за време на народноослободителната борба во текот на Втората светска војна.

Овој ден е длабоко врежан во колетивната меморија на секој Македонец кој со гордост се сеќава на херојските подвизи на борците и нивната силна верба за посветла иднина.