Денеска се навршуваат 83 години од формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и 81 година од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“.
По сите извршени подготовки на 21 април 1942 година на планината Лисец на местото каде што е ставена спомен-плочата формиран е велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ од партиски работници кои повеќе не можеле да останат во градот поради опасноста да не бидат уапсени од бугарската полиија и од младинци кои не се вратиле на доотслужување во бугарската војска.
Борците на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ кои успеаја да не бидат фатени од бугарската полиција и по разбивањето на одредот и во почетокот на 1943 година продолжија илегално да дејствуваат во понатамошниот тек на НОВ.
Тие македонски борци беа јадрото за формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“ и „Осмата македонска бригада“.
Вечна слава и благодарност на сите што го положија животот за Македонија!


