На 21 април годинава се одбележува 84 годишнина од формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и 82 години од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“.
На овој датум во 1942 година, по сите извршени подготовки, на планината Лисец, каде што е поставена спомен-плочата, формиран е велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“од партиски работници кои повеќе не можеле да останат во градот поради опасноста да бидат уапсени од бугарската полиција и од младинци кои не се вратиле на доотслужување во бугарската војска.
Борците на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ кои успеаја да не бидат фатени од бугарската полиција и по разбивањето на одредот и во почетокот на 1943 година продолжија илегално да дејствуваат во понатамошниот тек на НОВ.
Тие македонски борци беа јадрото за формирање на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“ и „Осмата македонска бригада“.
Нема им е вечен споменот и слава им!


