Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на велешките семејства Митреви и Капчеви.
На 10 декември во 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви како и Трајко, Илија и Ката Капчеви.
Од голема историска важност е борбената и револуционерна активност на Димко Митрев и Илија Капчев, нивниот придонес во борбата за слобода на Македонија. Димко Митрев и Илија Капчев, од партиската организација добиваат задача да извршат диверзантска акција со минирање на железничката линија Атина – Берлин бидејќи имале најголемо искуство за ракување и поставување на експлозивни направи.


