На 01 ноември годинава се нанавршуваат 84 години од загинувањето на македонскиот комунист и учесник во НОБ Благој Ѓорев.
Благој Ѓорев бил член на СКОЈ и на Комунистичката партија. Како младински и партиски активист бил еден од првите борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Во неговата куќа се печател партискиот весник „Народен глас“. Благој Ѓорев учествувал во сите борбени судири со бугарската војска и полиција. Бил убиен во заседа од бугарската полиција.
За неговиот траен белег во историјата на македонскиот народ ден денеска сведочи спомен бистате поставена во дворот на велешката фабрика за масло и прехрамбени производи, која до 2020 година го носеше неговото име.


