Денеска се навршуваат 88 години од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.

Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија.

Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник.

Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје. Хаџи Панзов се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција.

По почетокот на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Хаџипанзов се вклучува во организирање на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да војуваат на страната на шпанските републиканци во борбата против фашистите на генералот Франциско Франко. При крајот на септември 1936 година Хаџипанзов и самиот заминува како доброволец да се бори во Шпанија против фашистите.

Бригадата брзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде во тек биле жестоки битки со фашистичките сили.

При офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град, загинува македонскиот херој Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната.

Вечна му слава!