Во спомен на годишнината од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работничките права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес, на Општинското основно училиште што го носи неговото име, денеска, положувајќи свежо цвеќе, се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште.

Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој е еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и поборник за Балканска федерација. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.