„Во изминативе години, во периодот од 2010 до 2016 година во количините на произведена и фактурирана вода се појавуваат загуби многу помали од минатите години. Во овој период е прикажана загуба од 33% до 37%, а во изминативе две години од 52 до 55%. Исто така, во периодот од 1999 година до 2009 година загубите изнесуваат од 45% до 55%”, потенцираше градоначалникот Коцевски.
На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, го истакна значењето на транспарентното работење на општината, како и принципите кои ги почитува Општина Велес, односно ефикасноста и отчетноста во трошењето на средствата од граѓанскиот буџет.
Водејќи се од овие принципи, Коцевски изрази загриженост и сомнеж за транспарентното работење на ЈКП „Дервен” од 2010 до 2016 година.
„Би сакал да ја известам јавноста дека до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство во Велес ќе доставиме известување за постоење на основи на сомневање за свесно и намерно манипулирање со податоци при изготвување на завршната сметка на ЈКП ‘Дервен’ и ќе бараме да се утврди вистинската состојба и да постапи според законот” изјави Коцевски. Прегледувајќи го билансот на води во изминатиот период Коцевски укажа на можноста за сериозно манипулирање со податоците во завршната сметка на претпријатието, а тоа се однесува на влезните и излезни податоци за водата, со цел да не се прикажат загуби во работењето на Јавното претпријатие.