Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96……..635/19 и и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19), а согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес, бр. 08-579/1 од 31.01.2020 година,

Градоначалникот на Општина Велес, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес

1.Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дервен“ Велес, кандидатите покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен,

треба да ги исполнува и посебните услови:
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
-да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршено VII/1 степен образование;
-има минимум 5(пет) години работно искуство;
-да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години и тоа:
oТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
oИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
oИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
oФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
oБУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
oАПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

2.Кандидатот со пријавата потребно е да ги достави следните документи:
-Заверен препис од диплома за завршено високо образование;
-Потврда за работно искуство;
-Уверение за државјанство;
-Кратка биографија -CV;
-План и Програма за развој на претпријатието во наредните 4 години.

3.Неделното работно време е 40 часови, со дневно работно време од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот.
4.Основната нето плата за работното место изнесува 42.541,00 денари.
5.Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, не сметајќи го денот на објавувањето.
6.Комисијата формирана од Градоначалникот во рок од 8(дена) по истекот на рокот на конкурсот, ја доставува документацијата до Градоначалникот.
7.Изборот се врши во рок од 15 дена по добивање на документацијата од комисијата.
8.Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
9.Пријавата со потребната документација во оригинал или заверена на Нотар треба да се достави во запечатен плик со назнака „За јавен конкурс за избор на директор на ЈКП Дервен”, преку пошта или до архивата на Општина Велес на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес.