Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со Валдет Бајрами, претседател и Томислав Белиќ, заменик претседател на „Волвс Арена“ на која разговараа за одржување на ММА турнир во Велес.
За првпат во Велес, на 15 март (недела) 2020 година, во спортската сала „Гемиџии”, ќе се одржи Меѓународен турнир во мешани боречки спортови (ММА), каде учество ќе земат 40 борци од повеќе држави од Балканот, а ќе се натпреваруваат во 20 борби. Судиите кои ќе водат грижа околу правилата на ММА турнирот се дел од Светската федерација на мешани боречки спортови (WMO).
Во текот на 2019 година турнири во мешани боречки спортови беа одржани и во Кичево и во Гостивар.
Турнирот е поддржан од Општина Велес и од општествено одговорни компании од градот и државата, а покрај интернационалните учесници, учество ќе земат и неколку велешани.