Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со професорите Суада Кариќ и Невенко Ценегиќ од средното училиште за нутриционизам и земјоделие од Сараево, Босна и Херцеговина и Драган Јованов, Советник за животна средина и просторно планирање на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.
На средбата на која присуствуваше и Сашко Чоков, директор на ООУ „Васил Главинов”, се разговараше за можностите за отпочнување на едукативен процес и подобрување на условите на младите луѓе во иднина да водат поголема грижа за заштитата на животната средина и да посветат поголемо внимание на здравиот начин на исхрана. „Во месеците кои доаѓаат планираме да одржиме едукативни предавања во ООУ ‘Васил Главинов’ во Велес. Согласно борбата за заштита на животната средина и конзумирањето на здрава исхрана се прави план за да ги поттикнеме и другите градови во делот на меѓународни соработки, каде ќе бидат вклучени ученици од македонски, хрватски и црногорски ученици од општинските основни и средни училишта” истакнаа професорите Кариќ и Ценегиќ.