Почитувани,

Од денес, 11 март 2020 година (среда) сите предучилишни установи (детски градинки) и сите основни училишта на територијата на Општина Велес, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19, односно корона вирусот, во времетраење од 14 денови.

Согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во наведениот рок од 14 денови. Оваа мерка ќе биде во траење од две недели, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести.

Времениот прекин на наставата ќе се почитува и во сите средни и високо образовни институции во Општина Велес.
Потврда за отстуството на родителот може да се добие од соодветената институција во која родителот има засновано работен однос, т.е. од соодветната образовна институција каде учи ученикот/та.

Со почит,
Општина Велес