Почитувани,

Ве известуваме дека поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општина Велес.

Услугата која ќе ја спроведуваат овие тимови се состои во набавување храна и лекови со сопствени средства на лицето кое ја бара услугата.

Мобилните тимови составени од волонтери на Црвениот крст од Велес, Територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи, општинската администрација и други волонтери, од денес ќе бидат на располагање 24 часа за гореспоменатите категории граѓани, со цел истите да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (корона вирус).

Граѓаните ќе може да стапат во контакт со мобилните тимови на следните телефони:
☎️ 078 254 729
☎️ 075 272 485
☎️ 075 247 637

По јавувањето, до домот на нарачателот пристигнува мобилниот тим, кој ќе ја прими нарачката, а нарачателот врачува соодветна сума на парични средства. Потоа, мобилниот тим ја спроведува услугата, се враќа во домот на нарачателот со продуктите и фискална сметка.

Покрај, услугата за купување на намирници и лекови, во тимовите ќе има и доктор специјалист интернист кардиолог – волонтер, кој се приклучува кон тимот за проверка на срцевите заболувања на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола (седмична или месечна) за да го избегнат присуството кај матичниот лекар. Оваа проверка граѓаните можат да ја најават на веќе објавените телефони.

Докторот – волонтер ќе има на располагање мобилен ЕКГ апарат издаден од страна на ЈЗУ Велес.

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,
Општина Велес