Согласно динамиката утврдена во Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, ЈКП „Дервен” денес изврши генерално чистење и дезинфекција на Дервенскиот поток, која ќе биде повторена и во текот на утрешниот ден.
Воедно, ЈКП „Дервен” реализираше генерално чистење од отпад на сите влезови во градот.
Од утре, 1 април 2020 година започнуваат со реализација активности за чистење на пристапниот пат кон езеро Младост, каде ќе има дежурен комунален работник, со постојано работно време во прва смена за одржување на хигиената на Рекреативниот Центар езеро „Младост”.
Во текот на вчерашниот ден интерветно и без одложување се изврши вонредно чистење на улицата „Алексо Демниевски” (кон Железничката станица), поради несовесно однесување и фрлање отпадни на заштитни ракавици.
Општина Велес апелира на совесно однесување со отпадот, согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање кои се објавени и на официјалната интернет страница на Општина Велес.
Вработените во управувањето со отпадот се вториот човечки штит на јавното здравство, после здравствените работници. Поради тоа, неопходно е сите да подадеме рака, да бидеме солидарни и да им помогнеме на овие работници со нашето одговорно однесување.
Јавното здравје е заедничка одговорност.