Во просториите на Општина Велес, денес се одржа состанок со сопственици на поголемите и помали маркети, како и со сопственици на магацини со прехранбени производи од градот.
На состанокот се донесоа следните заклучоци:
– Се упатува апел до сите граѓани доколку имаат потреба за одредени намирници од маркетите, истите да ги набават пред почетокот на полицискиот час, со цел да не се создава непотребна гужва пред влезовите на продавниците, a воедно при движење во внатрешноста на објектите да се почитува мерката за одржување растојание помеѓу купувачите;
– Се известуваат граѓаните дека за време на полицискиот час во деновите сабота и недела, ДПТУ „ЖитоМаркети“ Велес, ќе врши достава преку он-лајн нарачки за намирници, пред сè до граѓаните кои се од ранливите категории, стари и изнемоштени лица, лица кои живеат сами и не се во состојба да излегуваат од домот;
– Се препорачува онлајн нарачките од страна на граѓаните да се вршат за најнеопходни производи, а за количината и видот на набавката за достава до домот на нарачателот, ќе одлучи самиот економски оператор во завиност од вкупната вредност на набавката.