Почитувани,

Општина Велес ги известува, а воедно и повикува сите економски оператори-маркети на територијата на Општина Велес,кои можат да извршат достава само на најнеопходни намирници за итни и неодложни потреби на граѓаните за време на полицискиот час, да се пријават во Општина Велес.

Истите мора да достават / испратат барање за добивање на дозвола за работа и движење во време на полициски час (во прилог на ова известување) до Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес на следната e-mail адреса: opve@veles.gov.mk, најдоцна до петок, 10 април 2020 година, до 12:00 часот.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе определи економски оператори кои ќе вршат достава  на најнеопходни намирници до граѓаните и во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе го организира движењето на лицата волонтери кои ќе ги доставуваат овие намирници до домовите на граѓаните.

.Воедно, Општина Велес упатува апел до жителите на Општина Велес, да ги почитуваат мерките и препораките од Општинскиот штаб за заштита и спасување и навремено да ги завршат набавките пред започнување на полицискиот час.

Со почит,

Со почит,
Општина Велес