По јавната објава од Општина Велес во врска со донесениот заклучок од седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Општина Велес ја известува јавноста дека фирмите – управители на зградите во Велес континуирано спроведуваат дезинфицирање на заедничките простории во сите колективни станбеници единици – згради со коишто истите управуваат.
Во координација со сопствениците на посебни делови на зградите се врши дезинфекција со прскање на сите заеднички површини, како и на влезот и околу влезот во зградите, а хигиената редовно се одржува.
Општина Велес упатува апел до претседателите на станбените единици со состанарите да се приклучат кон овие активности за општо добро на сите и да ги спедат овие примери за вршење дезинфекција на заедничките простории во објектите каде живеат.
Општина Велес во соработка со ОО на Црвен крст, Територијалната противпожарна единица, јавните здравствени установи и ЈКП „Дервен”, во изминатиот период презема и во континуитет спроведува мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните: миење и дезинфицирање на локалните улици, како во ниските, така и во повисоките делови од градот, но и во селата кои гравитираат кон Велес, на јавните површини и урбаната опрема, дезинфекција на сите училишта и градинки, се спроведува е – настава за учениците, активни се мобилните тимови за поддршка на ранливите групи на граѓани кои вршат набавка на храна, лекови и хигиенски средства, во функција се пунктовите за дезинфицирање на возилата на сите влезови во градот итн…