Почитувани,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во време на забрана на движење на територија на РСМ, потребно е своите податоци можат да ги внесат на следниов линк https://veles.gov.mk/izvestuvanje-za-policiski-cas/ или преку електронска пошта stab@veles.gov.mk .
При пријавувањето потребно е да се дефинираат точното време и место на извршување на земјоделските активности.
На овој начин на неевидентираните земјоделците ќе им се овозвожи непречено движење во време на забрана на движење на територија на РСМ, со цел извршување на тековни земјоделски активности.
Со почит,
Општина Велес