Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА

       Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-542/3 од 06.04.2020г.

Подносител на барањето:

Друштво за производство на предиво и конец Ветекс АД Велес за инсталација за производство на предиво и различни видови на конци со производствен капацитет од 2,5 т/ден.

Адреса:

Ул.“Вардарска” бр.50, Велес

Локација на инсталацијата:

Ул.“Вардарска” бр.50, Велес

Контакт лице:

Ѓоше Митев – овластено лице за животна средина

Категорија на инсталација:

          Точка 6. Подточка 6.2. Инсталација за претходна обработка (операции како што се миење, белење, мерцеризирање) или боење на влакна или на ткаенина со капацитет на обработка од 1 т/ден до 10 т/ден

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 043/232-406, локал 112, секој работен ден од 08.00-14.00 часот.


Б ИСКЗ Ветекс АД Велес
Формулар