Почитувани,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на влашката етничка заедница, ви го честитам 23 мај, Меѓународниот ден на Власите.
Сограѓаните од влашката етничка зедница се силен дел од нашето мултиетничко општество во кое продлабочувањето на заедништвото, меѓусебната толеранција, довербата и почитувањето на посебностите, обезбедуваат стабилна и сигурна иднина за сите нас.
Овој ден претставува афирмација на влашката култура, традиција и обичаи, кои се нераскинлив дел од историјата и духот на македонското општествено делување.
Вам и на вашите семејства ви посакувам пред сè добро здравје, а празничните мигови да ги поминете во радост, среќа и бериќет.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски