Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција упати апел до сите граѓани кои планирале во текот на утрешниот ден и за време на викендот да ги посетат вечните почивалиштата на своите најблиски, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да не ги посетуваат црквите и гробиштата, а храната која сакале или планирале да ја остават на самите гробни места да ја донираат на оние на кои им е неопходна, а со тоа да покажат добро дело.
Воедно, Коцевски упати апел до сите жители на Општина Велес да ги почитуваат мерките за носење на лична заштитна опрема, да држат растојание и да одржуваат хигиена, со цел да не го доведуваат во ризик здравјето на своите најблиски, особено повозрасните, како и оние сограѓани кои имаат хронични заболувања.
Како што рече Коцевски, претставниците на МВР – СВР Велес потенцирле дека најголем проблем се младинците кои не доволно ги почитуваат мерките за заштита, дружејќи се во поголеми групи, посебно во ноќните часови.