Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед,
Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам.
Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од традицијата на нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и афирмирање на потребата од почитување и разбирање.
Посакувам овој верски празник до го одбележите во духот на солидарноста, грижата и помагањето, затоа што тоа е основа за градењето на едно општество и на една поубава иднина за нашата општина за доброто на сите наши сограѓанки и сограѓани.
Нека овие празнични денови ви донесат Вам и на Вашите најблиски среќа, радост, љубов и внатрешен мир.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски