Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19),

Градоначалникот на Општина Велес објавува

Ј А В Е Н    О Г Л А С бр.01/2020
за прием на работници  во работен однос на неопределено
време во општинската администрација  на  Општината Велес

 

Општинската администрација на Општината Велес има потреба од работници со засновање  на работен однос  на неопределено време  за  работно  место во:

Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа и тоа:

1.Назив на работно место работник на приемен пулт (пријавница), Ниво А2,  шифра УПР 04 05 А02 005

  Број на извршители –  1 (еден)

општи услови:

  • да е државјанин на РСМ;
  • да е полнолетен;

–     активно да го користи македонскиот јазик,

  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

-стручни квалификации: Средно стручно образование (техничка струка)

-стекната лиценца за обезбедување на имот и лица

-работно искуство: со или без работно искуство

Напомена: Предвидено вработување согласно Годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка).

2.Назив на работно место –работник за давадање на податоци и информации, Ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013

  Број на извршители –  4 (четири)

општи услови:

  • да е државјанин на РСМ;
  • да е полнолетен;

–     активно да го користи македонскиот јазик,

  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

-стручни квалификации: Средно гимназиско образование или средно стручно образование

(техничка струка), со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/МКСОО

-работно искуство: со или без работно искуство

Напомена: Предвидено вработување согласно Годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка).

Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,

дневно работно време: од 07:30 часот до 15:30 часот

 

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1 изнесува  15.476,00 денари.

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2 изнесува  15.476,00 денари.

 Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос  треба да ја достават следнава потребна документација:

– Биографија (CV)

– Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис

– Уверение за Државјанство на Република Македонија

– Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

– Лиценца за обезбедување на имот и лица за работното место од точка 1

Јавниот огласот трае 3  дена од денот нПра објавувањето во дневен печат, не сметајќи го и  денот на објавување во дневен печат.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

Над избраните  кандидати  по извршениот избор, а пред склучување на Договор за работа ќе биде извршен преглед за утврдување на здравствената и психофизичката способност од страна на овластена институција на товар на работодавачот -Општината Велес.

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес   ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.01/20.

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни  и истите нема да се разгледуваат.

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406, локал 112,