На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко за последниве 24 часа.
Едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување е оздравено и едно лице кое било згрижено на Инфективната клиника во Скопје е починато.
„Вкупната бројка на позитивни случаи во Велес и велешко до денес изнесува 289 лица, од кои 257 оздравени, 17 активни и 15 починати. Од активните случаи, 11 лица се наоѓаат на домашно лекување, а шест на Инфективното одделение во Велес. Со претставниците на ОШЗС заклучивме дека состојбата во Велес и велешко е стабилна, но непредвидлива и нема простор за опуштање”, изјави пред новинарите градоначалникот Коцевски.