Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Проектот, кој е финансиран од Европската Унија и трае од 1.09.2020 до 31.08.2023, има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.
Како дел од овој проект ќе се доделат стипендии на деца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение. Оваа година, овие стипендии ќе се доделат на вкупно 300 ученици.
Пријавата за добивање стипендија како и повеќе информации за процесот на аплицирање може да најдете на веб страната на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ на следните линкови:
- Оглас и пријава на македонски јазик: https://www.stepbystep.org.mk/mk/novosti-i-nastani/oglas-za-dodeluvanje-na-stipendii-za-deca-so-poprechenost-686
- Njoftimi dhe aplikimi në gjuhën shqipe: https://www.stepbystep.org.mk/mk/novosti-i-nastani/shpallje-per-ndarjen-e-bursave-per-femijet-me-aftesi-te-kufizuara-688
За сите дополнителни информации и прашања контактирајте на 072 307 326 или на: stipendii@stepbystep.org.mk